Bonnie "Prince" Billy

The Letting Go

Тешко е да засакаш ваков албум? Или можеби не. Полн со парадокси, какво е всушност и постоењето на Bonnie “Prince” Billy практично го дава и одговорот… границата која ја дели оваа дилема е тенка, просто невидлива. За Will Oldham, (вo оваа прилика) Bonnie ‘Prince’ Billy и неговите соголени, напросто вулгарни квалитети навистина нема потреба да типкам по тастатурата, тоа е повеќе од очилгледно. Чудно е нешто друго – како овој човек се родил „стар“?

БПБ
Will Oldham поседува импресивна биографија – детски актер, фотограф (помеѓу останатото, автор е на легендарната фотографија на Spiderland албумот на Slint), крунисана инди легенда со Palace Brothers, Music & Songs, еден од напосакуваните соработници во денешната фолк американа, филмски актер со дузина ролји, човек кој веќе за животот му прават музички посвети… Од друга страна пак, Били е најнепосакуваниот американски фаталист, човек кој на голема врата ја турка теоријата за предодреденоста на судбинското блаженство или проклетство. Во есента од неговиот живот, инспириран од поемата на Emily Dickinson, Били пишува и компонира уште еден албум на таа тема – The Letting Go, акустичен и бизарен, какви што се и неговите претходници. Со готово епска инфантилност, Бони сериозно нихилстички ќе ви расказува и за религијата, и за неговиот пенис, и за смртта, вечно опседнат од тоа свое Свето тројство. Надреалниот госпел кој го практикува во основа пее за декаденцијата на „современиот“ човек и за неговата немоќ да се совладее себеси. Песните (не)двосмислено говорат за тие човечки драми, додека елегантните хармонии кои ја следат јасноговорна нарацијата на „со-виски-натопениот“ вокал на Бони се посебна приказна. Албумите кои ги создава практично никогаш не се изложени на долготрајни проби, бендот го собира непосредно пред снимање, спонтаноста е ризикот кој секогаш го превзема, па оттаму и непосредноста во воздухот. Ангажираната акустика, виолините во напон и орнаментните аранжмани се „малите“ новини на овој албум. Има уште една – Dawn McCarthy од Faun Fables, постојаната придружничка на Бони, која со особен афинитет го следи во сите песни. Неоспорно вонвременска „плоча“, и патем, вистински трпелива, која ќе ве чека (и дочека). Бони не се слуша, Бони се доживува. Пушти… нека оди.
ПС: Задржете го вниманието на Strange form of life, Cursed sleep и No bad news.

radio bagdad @ plagij.at 2006

Кога денот немаше име
режија: Теона Стругар Митевска

10.10.2017

Изминативе денови се крена многу врева и прав околу новото остварување на Теона Митевска, „Кога денот немаше име“. Како фино маркетиншко надоврзување на фокусот врз ...

Истребувач 2049 | Blade runner 2049
режија: Denis Villeneuve

07.10.2017

Еден ден по најдолго исчекуваната премиера во мојот живот седнувам пред компјутерот, го пуштам на Јутјуб саундтракот од филмот за да ме понесе атмосферата на ...