Swans

The Seer

Вероотстапник / Apostate

Ако земеш да ја видиш историјата на Swans, музичката патека на тој бенд е слична на искуствата на америчко момче кое си го напушта домот и талка по предградијата и градовите, живеејќи во полн ек во секое различно опкружување. Експерименталниот порив на Michael Gira кој во нивниот концерт во Nijmingen се нарече себеси човек кој е гневен на Исус и кој го предизвикува него со сите можни тонови, викотници и шумови да се врати. Слушајќи ги во живо, песните на The Seer звучат како преплет на звук од машини за индустриско производство и хорско пеење на монаси. По двата албума кои следеа после нивниот рејунион во 2010-та, The Seer стави печат на една нова ера на бенд кој никогаш не беше сватен како сериозен играч на ни на треш, ни на нојс нити па на гот сцената. Шалтањето од еден во друг жанр, играњето, мачењето и распнувањето од публиката на која никогаш не и останаа верни, доведоа до The Seer, кој претставува кулминација на сите искуства во два часа музичка екстаза составена од тридесет и пет годиншен експеримент со граничноста звукот и на музичките инструменти.

swans
Иако претставен како склоп на цело музичко искуство на Gira, The Seer во ниту еден момент нема тенденција за нормирање во жанр, за следење на некоја албумска логика, нема желба за перфекција, нема планиран исход. На тридесет и две минути долгата и буча песна The Seer и претходи The Wolf која трае само една и пол минута и се состои од тивко рецитирање. Музиката на The Seer се состои во бескомпромисно пуштање во слобода на тоновите на самата желба, чии текови се непредвидливи и контрадикторни, па пак се слеваат заедно во некоја повторувачка моќна мелодија, и пак застануваат во момент на збунетост. Последните две песни од првиот диск, и првата од вториот диск може да се третираат како момент “И што сега“…ајде да лебдиме малку на што и да е пред да се излие нова бура која кулминира со последната трака The apostate.
Фактот што песните имаат премалку текст, можеби и не е толку својствен за Gira кој е доста инспиративен текстописец. Неговите песни често се груби, бескомпромисни, ја величат моќта и немаат обзир за никое воспоставено сваќање на редот на нештата. The Seer има само неколку повторувачки реченици и зборови, кои во комбинација со тромозењето на истиот повторувачки ноис влеваат присуство на еретичко пророштво. Највпечатливо такво искуство е песната Lunacy со која се отвара албумот:

“Break the chain hide within
Innocence not innocent
Innocent in no sense
Eat the beast keep him in
Take the blame speak the name
Lunac…Your childhood is over”

Надоврзувајќи се на процепот на The Seer, Swans во 2014-та го издадоа албумот To be kind, кој иако е на некој начин продолжение на истиот нагон, сепак, во споредба со The Seer, e “попримерен” и повеќе испеглан. The Seer сепак останува албумот кој на некој начин не потсетува на другите, возвишени форми на бидување, кои не оттгрнуваат од секојдневното ламентирање за све и свашта. Тие два часа се искуство за кое нити треба да си пијан, ни најаден ни физички спремен, затоа се надевам во скоро време, како што слушам по чаршија, можеби ќе ги слушаме и во Скопје.

23.11.2018

Средновековното превирање на Словенските народи во седмиот и осмиот век веројатно криело многу приказни и легенди каде се преточувала судбината на многу великодостојници. Пребонд, старешината ...

Го окупирав Wall Street во 84-та
интервју со Lydia Lunch

22.11.2018

фотографии: Зден   Здраво Лидија, фантастично е да те имаме во Скопје, некои од нас го чекаа ова со години. Ја обожавам твојата работа и ...