Mose Allison

The Way of the World

Не сум сигурен дали ќе претерам кога ќе кажам дека „The Way of the World“ на Mose Allison не е ништо полош од некои поскорешни албуми на Tom Waits. Или пак, ќе го потценам.

Да не се разбереме погрешно, не дека не го сакам Waits, туку албумов е супер.

И тоа супер албум од 82 годишен човек. Човек кој претставува една од најмаркантните џез&блуз појави во светот, а за тоа говори и фактот што токму Allison е наведен како силно влијание и инспирација од страна на многу музичaри меѓу кои и Jimi HendrixThe Rolling StonesThe YardbirdsJ. J. CaleThe Who, па и Tom Waits, Тhe Clash, The Pixies и многу други.

Првото нешто што ме заинтригира кога го слушав „The Way of the World“ е неговиот уникатен глас, кој речиси и да се нема променето, а истото важи и за креативноста и интелигентниот хумор кој провејува низ секоја песна. Иако се наоѓа во друштво на многу некарактеристични инструменти, како Weissenborn слајд гитара и Gipsy мандола,  Allison со својот итар и лаконски стил на пеење и свирење на пијано, непобедливо доминира како мајстор на својата музика. Албумот е снимен за неколку дена, со внимателно одбрана екипа од врвни калифорниски музичари, од страна на мистер Mose Allison химселф и реномираниот продуцент Joe Henry.

„The Way of the World“ кој содржи 12 песни, отвора со легендарната „My Babe“ од Willie Dixon, преработена и препишана во „My Brain“, а продолжува со проникливата авторска “I Know You Didn’t Mean It”.Токму овие две песни заедно соинструменталната „Crush“, на која Alisson покажува дека сеуште свири проклето добро на пијано, се и мои омилени песни од овој албум. Би ја издвоил и последната песна, љубовната „This New Situation“, како симпатичен дует со неговата ќерка Amy, која и самата е кантри музичарка.

Сè на сè, она што најмногу ме погодува кога го слушам „The Way of the World“, а и било што од Mose Allison,е чувството на оптимизам и неодолива леснотија со кои ме остава неговата музика.

Леснотија. Има ли подобро од тоа?

 

21.11.2017

На затворањето на „Синедејс“ во неделата се случи македонската премиера на „Исцелител“, дебитантското остварување на режисерот Ѓорче Ставревски, кој по долгогодишна работа на ова негово ...

20.11.2017

На претпоследната вечер од годинашниот „Синедејс“ имавме несекојдневна можност да го гледаме долгометражното остварување едноставно насловено „Хармс“. Се работи за, воопшто, првиот игран филм за ...