Twisted Sister

Stay Hungry

За почеток, ќе почнам со мојот личен омилен албум снимен или издаден во историјата на музиката, како и од мојот омилен бенд од тинејџ денови па се до денес. На многу луѓе нема да им се верува, но харизматичниот фронтмен на групата, Ди Снајдер, освен хитот We’reNotGonnaTakeIt (напишана 1979), останатите 8 песни од албумот ги има напишано за само 45 минути. Нормално, не аранжмански, туку како тема и костур, поставени за понатамошно аранжирање, и со текстови само за рефрените.

Албумот отвора со брзата StayHungry, која е напишана под влијание на книгата и филмот од 70-ите години на Арнолд Шварценегер, истоимен/а. Сеуште гладни за доказ пред светот, борејќи се 10 години во ЊуЈоршката сцена за успех, најдобриот бар бенд Твистед Систер е гладен за уште. Првите три албума се напишани во очај за слава и докажувајќи го на светот правото на човек да сака и може да биде сфатен од околината како тој што сака, што и го докажува нивниот изглед во сите ери од нивното постоење, но StayHungryерата е онаа која сите ја памтат визуелно, затоа што тој им е најпродаван албум во нивната историја, 3 молиони копии во САД во првите месеци од издавањето, и 2 милиони копии во остатокот од светот. Овој албум е и нивниот врв во кариерата и после него со следните 2 албуми пропаѓаат до нивниот распад во 1987.

Оние кои не се упатени во бендот и особено во овој албум, и им ги знаат само химните We’reNotGonnaTakeItи IWannaRock, всушност не ја ни знаат нивната метал страна, туку само нивната поп-рок страна, и популарните видеа од MTVи VH1. Но, освен тие највртени 2 песни, останатото е чист хеви метал до коска. Двојните соло бркања на гитаристите Џеј Џеј Френч и Еди Оџеда во песни како Burn In Hell и Don’t Let Me Down, до концептуалната дупла песна HorrorTeria инспирирана од книгите на Стивен Кинг. Една одлична балада (The Price) напишана на снимање на претходниот албум во WC-то на Џими Пејџ од Цепелин, кога му соопштиле на Ди Снајдер по телефон дека неговиот син од година и пол првпат проодел, една спора doom-y metal ствар The Beast, и химната на сите Sick Mother Fuckers (SMF’s, армијата на фанови на бендот е наречена така од страна на бендот уште од средината на 70-ите години, далеку пред светскиот успех на бендот).

TS band no make-up

Продукциски албумот е голем неуспех, а продуцент на нивниот звук во тоа време е Том Верман, и само поради продукцијата албумот би го оценил со 8.5/10. Во овој албум, а и во вокалот на Ди, ја чувствувам глад-та за уште, за успех да допре до што повеќе луѓе, да им докаже што не чини во светот и да им ги отвори очите да ги следат своите соништа до крај, и иронично, сите нивни соништа се исполнуваат со овој албум. Штета што голем дел од хард кор фановите ги напуштаат по овој албум мислејќи дека бендот се продал за повеќе успех и пари со нивните 2 најголеми хита, и денешни рок химни, не знаејќи дека цел албум е напишан во време на немаштија во бендот, и во очај и глад за светла иднина, напишан од длабочината на емоциите под сите тие слоеви шминка на нивните фаци. Нека не ве оттргне нивниот изглед и имиџ, слушнете го албумов, заслужува.