1_necks102199Holimage

 

Ако The Necks ви се познато име, очигледно е дека веќе би претпоставиле што би можело да ве очекува на Vertigo, последната албумска, осумнаесетта по ред импровизаторска сесија на ова унисоно австралиско трио. Но, претпоставката е понекогаш мајка на погрешната проценка, The Necks концептот е веќе одамна познат. За нивната најнова „вртоглавица“ басистот Lloyd Swanton е дециден: „Како и за сите наши албуми, завршивме на многу различно место од почетната замисла, која и да беше таа.“


Концертот
на Скопскиот џез фестивал повеќе од јасно ја предочи таа резамисла на Abrahams, Swanton и Buck. Водени од идеата, а не од личниот идентитет, како што претполага џез стандардот, и после 26 години од нивното прво појавување на сиднејската сцена, The Necks се секогаш одново на стартната креација – да создадеш албум воден од идеа, кој органски би се градел преку и само преку импровизација, со калеидоскопска инволвираност на само трите инструменти кои им стојат на располагање.

Триото е одамна на сцената, Chris Abrahams доаѓа од Oamaru, Нов Зеланд, дебитира во 1984 со соло албумот „Пиано“, година подоцна стана член на сиднејскиот инди бенд The Sparklers, работел со големи музички имиња како што се Burkhard Beins, Mike Cooper и пијанистот Anthony Pateras. Tony Buck доаѓа од New South Wales Conservatorium of Music, водач е на андерграунд индастриал бендот Peril, во својата кариера настапувал и свирел со Vincent Herring, Branford Marsalis, Ernie Watts, Peter Brotzmann, Wayne Horvitz… Lloyd Swanton е единствениот од Сиднеј, добитник е на 3 награди на Australian Recoding Industry Award, со бендот The Catholics има 8 албуми, од ’82-’85 со Chris Abrahams го имаат бендот The Benders, за The Beat Manifesto ја добива наградата Australian Guild of Screen Composers Award for Best Short Film Soundtrack… беграундот на The Necks е импозантен и напросто невозможен за претставување.

Со вакво реноме, Abrahams, Swanton и Buck влегуваат во играта наречена Vertigo. Наоружани со dronology ставот, „Вратовите“ се тетарават во потрагата по изворната звучна димензија,  која на општа очекуваност, ја градат соничната слика во еден бескраен loop со кинематски леери, во таа „борба“ упаѓајќи си еден на друг во процесот на маратонската звуковна текстура. На трагите на заоставштината на Morton Feldman, The Necks готово без задршка меланхолично се впуштаат во дискретната импровизација која всушност и не изгледа како студиска провизорност, повеќе наликува на сериозно осмислен и реализиран проект на претходно зададена тема. Елем, спонтаноста на Vertigo е испорачана инстант во еден тејк, што е всушност и нивниот трејдмарк. Грандиозно имагинативна поема која бара слушачко учество бидејќи само на тој начин и се восприема.

43 минути и 57 секунди чиста човечка музика.

 

Гогита и Мака – трезвена грузиска романса на свежа августовска македоксовска вечер
кон документарниот филм „Новиот живот на Гогита“

23.08.2017

Во едно сакартвелско зафрлено место се испреплетуваат приказните за животот после децениски престој во затвор, за важноста на семејството, виртуелните врски и нивното преминување во „вистинскиот” ...

[рецензија] War for the Planet of the Apes
режија: Matt Reeves

12.08.2017

Еден ден Andy Serkis (Gollum, King Kong) ќе биде номиниран за Оскар. Се надевам дека тоа ќе се случи токму за улогата на Цезар во ...