[видео] Тодор Караколев

Викенд

Музика и текст: Тодор Караколев. Снимено јуни/јули, 2018. Мастеринг на Дени Крстев, Студио 1060. Видео: Toshio.Matsumoto – Metastasis (Experimental.film.works, 1971)

 

 

Викенд е фаза во која
Комуникација е накриво насаден блеф
И тие девојки полни во себе
Добро поведение
Ќе наебат во петок,
На гола нога груби допири
Камен во гради, лицитира некој на шанк
А тие кругови бираат погледи
На порок и латентен нинфомански ген.
Остани битен е миг
Еден и еден е три
На пола пат си до врв
Остани битен си лик.
Викенд е пола на пола
Методологија на забрзан бон-тон курс
И такви погани фаци во цут на
Едипов комплекс знаат добро
Да заебат во петок.
На его смрди од врата
Во секој локален бар во кој ти пиеш на шанк
А нема време, нема каде да бегаш
Кога ќе сетиш дека раат ти гине
Остани битен е миг
Еден и еден е три
На пола пат си до врв
Остани битен си лик.