Koop

Waltz For Koop

„Албумот на годината веќе пристигна’’ извика одушевено познатиот британски радио­водител и диџеј Gilles Peterson, во неговото влијателно шоу на брановите на BBC Radio One, уште при првото претставување на Waltz For Koop, новиот студиски проект на шведското дуо KOOP. Magnus Zingmark и Oscar Simonsson работеа дури две и пол години како композитори, аранжери и продуценти на својот втор албум (првиот е издаден само во Шведска). Резултатот е едно мало, 35-­минутно, ремек­ дело на современата музика, албум чија супериорна моќ лежи во идеалната синтеза на старото и новото. Старото олицетворено во неизмерната љубов кон џезот од 60­тите и 70-­тите, а новото ­ во наклонетоста кон современата технологија и модерните електронски форми на изразување. Меѓутоа, за разлика од останатите претставници на т.н. nu jazz (Jazzanova, Trüby Trio, Thievery Corporation, Kruder & Dorfmeister…), кои џезот го користат само како орнамент во вкупната, главно електронски обоена звучна слика, KOOP одат во обратната насока ­ својата, во основа, џез­-ориентација ја соочуваат и ја збогатуваат со внимателно и суптилно дозирана електроника. Таквиот, елегантен, спој на органското и технолошкото, во нивниот случај е толку успешен што, преслушувајќи го албумот, немате претстава каде завршува семплерот, а каде почнуваат живите инструменти. Во обликувањето на целокупната ултра­кул атмосфера и рафинман на Waltz For Koop голема заслуга имаат и вокалните гостувања: познатиот американски фолк поет и џез­соул легенда Terry Callier во емотивната “In a Heartbeat”, Earl Zinger (алијас Rob Gallagher, некогашен фронтмен на британската acid jazz атракција Galliano) во осаменичката “Modal Mile”, Cecilia Stalin во небесната насловна тема и во не помалку е(зо)теричната “Baby”, како и јапонското тинејџерско откровение Yukimi Nagano во “Bright Nights” и во дефинитивно највозвишениот момент на албумот, прекрасниот сингл “Summer Sun”, една од најубавите песни што ќе ги слушнете оваа година.
Предупредување: чувај се од овој албум, неговиот неодолив шарм, заводливост и префинетост предизвикуваат опасност од крајна, трајна и неизлечива зависност.

„Антена“ Дневник / 2002

 

1959: годината која го промени Џезот

17.06.2017

Вечерва со возбуда изгледав еден прекрасен шеесетминутен документарец насловен „1959: годината која го промени Џезот“, телевизиски проект од 2009 година на режисерот Пол Бернајс кој, ...

13.06.2017

Во најавата за претставата „Експеримент” стои: „Главна инспирација за претставата е книгата The Lucifer Effect на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира ...