Depeche Mode во живо во Амстердам

Ziggo Dome | 7 мај 2017

[ ]

По четиригодишната пауза од издавањето на последниот студиски албум кој беше оценет како најслаб од страна на критичарите и публиката – Delta Machine (2013,  Columbia Records), Depeche Mode овојпат го издаваат својот 14 студиски албум – Spirit. На петти мај ја започнаа светската турнеја Global Spirit како промоција на албумот, кој веќе е на UK топ листата за најпродавани албуми во првите пет, по првата недела од издавањето.

DM1

Втор град домаќин на целосно распродадениот концерт беше Амстердам. Концертот се случуваше во Ziggo Dome. Модрена концертна сала со одлична акустика, која собира 15.000 луѓе. Точни до минута, Depeche Mode го отворија концертот со насловната Backwords од новиот албум, но со изменето интро. Длабоките басови ти вибрираат во абдоменот и знаеш дека е почеток. Со Петар ни започна двеипол часовното хедонизирање. Дејв ја пее Backwords, која потсеќа на заразниот риф на Positive mindscape од Renegade Soundwave. Апстрактниот шарен видео бим во позадина ја отцртува силуетата на Дејв Гаан кој грациозно си ги прави движењата, а на моменти му светкаат сребрените ревери. Продолжуваат со So much love од истиот албум, љубовно и во живо изведбата звучеше многу помоќно и подобро од студиската верзија, додека во позадина на бимот се вртеше нивниот ретро црно-бел спот.
Отворањето енергично, возбудливо, со пулсирачка публика. Дејв не можеш а да не го објективизираш или да му ги анализираш движењата. Знаеш дека на оваа динамика и доминатна појава годините не му се пречка. По првите две песни сфаќаш дека не дошле само да го „одработат“ концертот, туку да се предадат.

DM2

Првиот дел од концертот го свират во еден здив, енергично и со многу жар и со избор на песни од претходните албуми кои не ги свират често како Barrel of a Gun, A Pain Im Used To, World in my eyes, In Your Room, Corrupt и Cover Me. Во првата половина Cover me течеше прекрасно, полека, додека одеше во позадина црно-белиот спот со Дејв како спејсмен. Дејв дава некоја тага и убавина на целата песна преку која цело време прашува дали има нешто како нов живот зад нашиот универзум? Во втората половина нè прошета до ѕвездите, додека синтисајзер симфонијата си ја направи својата магија и нè раздвижи.

Дејв Гаан оди на заслужена пауза и го предава микрофонот на Мартин Гор. Home и Question for Love исполнети со страсти и емоции нè оставија без здив проверувајќи на неколку наврати дали навистина пее Мартин Гор или некој друг. Симпатична беше патетиката која ја наметна Мартин со изборот на песни.

Вториот дел започна со Where is the revolution во позадина маршираат нозете на револуција и се покажуваа стиснатите тупаници. Испраќаше порака за светот и општествата. Се чувствува разочарувањето од сè што не демнее. По Poison heart полека вжештувајќи ја публиката и доведувајќи ја до кулминација со фантастично отсвирената, со ново интро – Everything counts. Возењето на публиката продолжува преку концертно Enjoy the silence, каде целата публика едногласно ја пее. Сите се во некој адолесцентен занес. По Enjoy the silence продолжија немилосредно со Never let me down. Моќно, со што се завршува концертот. Публиката почна да надвикува и ги врати и Дејв приреди изненадување со Heroes од Дејвид Боуви. Тапанарот тропаше потивко, а Гаан пееше со почит и далбочина со специфичен израз. Depeche Mode го завршија концертот со Feel you и Personal Jesus. Скоро дваипол часа екстаза.

DM4

Дефитнитвно некако делуваат созреано и моќно. Дланките се мафтаа, луѓето ги пееа песните. Гаан се трудеше да посвети внимание на сите страни од концертната сала. Секако во пеењето и текстовите се чувствуваше стравот од мрачна иднина како и прилично силен став во некои политички и социјални ставови. Звукот фантастичен, совршено се тркалаше низ Ziggo куполата, заедно со светлото и проекциите. Depeche Mode направија шоу од совршен микс на нови и стари песни, песни кој ги знае секој напамет, солзи, смеа. Тие ни дадоа повеќе од два часа чиста радост. А мораме да кажеме дека публиката беше одлична. Различни возрасти од 20-тите до 50-60-годишни фанови, кои паднаа во транс и пееа со многу емоции.

1959: годината која го промени Џезот

17.06.2017

Вечерва со возбуда изгледав еден прекрасен шеесетминутен документарец насловен „1959: годината која го промени Џезот“, телевизиски проект од 2009 година на режисерот Пол Бернајс кој, ...

13.06.2017

Во најавата за претставата „Експеримент” стои: „Главна инспирација за претставата е книгата The Lucifer Effect на социјалниот психолог Филип Зимбардо, кој во своето дело ги анализира ...