[видео] Funk Shui

Деца

Микс и мастеринг: Ангел Ќосев во Студио Подрумот, асистент: Драги Иванов. Снимено во Студио Подрумот од Ангел Ќосев и студио Тралала од Мите Димовски.
Видео: Funk Shui
Камера: Борис Ралев

2018 Авалон продукција

 

 

Сè што би можел
да видам е бело
е жолто е црно
е дело о-дело
сребрено ко коска
и златно ко Ака
зелено од аура
и плаво по форма

ништо што можеш
да љубиш е човек
е злато е спокој е успех е форма
е всушност телото
суштина девојка
природа и Вода
и контакт и вина

на нишан не сакаат
а камо да можат
мразат без љубов
да се множат
сакаат да знаат
сè за мене и се добри
мудрост си љубат
самите

пливање ноќе
со затворени очи
никако нема
да дојде при рака

имаме имиџ
и паблик дисплеј
со неон во срце
и карти за лет

ние сме деца
на странство и разделба
од тука до среќата

ме позна
ми рече дека сум се викал иван,
насмевките зошто
не беше ни блиску
се стрча и жарот
пред мене ме распосла
се трошевме брзо
тагата ни е тромава

но беше блиску до една висина
над градот отровен
дека виси вистина
висевме двајцата
вистина
висев после сам
повеќе од една недела

ладниот падобран полн болни безчуства
пушти друго светло
црвено, од гнев и страв
ние не сме биле сами уште помалку сме двајца
ја свртев играта, таа некаде на средина

сега таа е таму
а јас онаму
и двајцата сме убедени дека подобро е вака
можеби се нема себе
но затоа има друг
ја чувам ноќта од земјата
го чувам твојот грув