Темпера

Тивка река [Критика 015]

TIVKA REKA _

1 Тивка река [04:03]

Тања Тас | вокал
Драган Гиновски Гино | гитара
Мите Димовски | тапани
Џоле Максимовски | бас гитара
Снимено и продуцирано во „Тра ла ла“ студио од Мите Димовски
слободно преземање

Индивидуализам од светлата страна. Лоцирано чувство. Опојна заводливост. Неуморна љубов. Сите мораат заедно. Емотивен импакт. Заводливо неотповикливо. Чекањето се исплаќа. Верба во живот. Едноставно и убедливо. Поп боемија. Футуристичко ретро. Искрено и искусно. Песништво. Замисли…

Со синглот „Тивка река“ Темпера го отвора новиот албум најавен за реализација за првата половина на 2016. „Тивка река“ е песна за љубовта и потрагата по чувството на припадност, исполнетост и топлина која реализираната и возвратена љубов ја носи. Песната е авторско дело на Темпера, текстот и омотот на синглот се на Тања Тас. За оваа песна е направен и видео запис, концепт и режија Игор Иванов-Изи, изработен од продуцентската куќа ОХО

Синглот „Тивка река“ е достапен за слободно преземање на официјалната страница на Критика на Bandcamp.

 

Покрај мојот дом
минува тивка река,
а во неа твојот одраз
…се шират кругови
по мојата површина
…а таа стега
од чемер и јад
што ко котва ме кочи,
ја нема
Чудесно
Низ мене си ти
Во тебе сум јас
Опојно…
замисли
Ајде зборувај
за свет кој шепоти, бои
и низ вел обзема
со нитки од убави ветувања
Овој миг ќе не однесе назад
и низ превез ќе ме љубиш
чудесно
Низ мене си ти
Во тебе сум јас
Опојно…
замисли
Низ мене си ти
Во тебе сум јас
Опојно…
замисли