Пријатели за пријатели

хуманитарна забава

Пред неколку дена во пожар во просториите на Макотекс изгоре голем дел од опремата на неколку бендови. Неофицијално, материјалната штета е проценета некаде околу 20.000 евра, а нематеријалната е бесценета.
За оваа цел, дел од колегите ќе се соберат на настан со хуманитарен карактер – да се обидат да вратат барем мал дел од она што е загубено. Настапуваат: Kabadayas, Barbarella, Нокаут, Point Blank, The Black & Vice Social Club, ArmadilloФлукс и Новиот Почеток.
Цена на карта: 200 денари, на врата.
Дополнителни донации на трансакциската сметка се повеќе од добредојдени.

1