12. АКТО фестивал за современи уметности

1-2 септември, Битола

PUAKTO

 

1 септември 2017 (петок)

 

12:00-16:00 AKTO ЗА ЗАЕДНИЦИТЕ | Локација: Плато спроти мезе – бар Jагода
AKTO музичка работилница за грамофони 
Ментор: DJ Flooder

 

 

21:00 АКТО ИЗЛОЖБА | Локација: мезе- бар Јагода, Задруга Артикултура, кафе бар Радост
Со окото на маргините – изложба на квир-фотографии, финален производ на истоимениот курс за фотографија под менторство на Жарко Чулиќ, Драшко Костовски и Славчо Димитров.
Автори на фотографии: Стефан Богески, Биљана Гинова, Јана Тодоровска, Аммар Качар, Никола Велков, Афродита Џафери, Орнела Милевиќ, Љупчо Петрески, Симона Манчева, Ненад Мицов, Елена Петровска.

Female Drag Queen - Elena Petrovska

 

21:00 АКТО ПЕРФОРМАНС | Локација: мезе – бар Јагода
Зоо приказна– перформанс во изведба на Здравко Стојмиров

Z.S.

 

21:00 – 01:00 AKTO МУЗИКА | Локација: мезе – бар Јагода
Настап на DJ- и учесници од AKTO музичката работилница за ДЈ-и за електронска музика под менторство на Flooder со DJ Flooder и DJ Зоки Бејбе

 

 

2 септември 2017 (сабота)

 

10:00-12:00 AKTO ЗА ЗАЕДНИЦИТЕ | Локација: паркот на Oфицерски дом
БитолаЕ дечињата за Офицерски – работилница за деца
Мал битолски монмартр за Офицерски, настан на сликање и цртање за деца и младинци
Библиотеката на тркала на Фондацијата „Чекор по чекор“ – Македонија

12:00 АКТО ИЗЛОЖБА | Локација: Плато спроти мезе – бар Jагода
Футуристички споменици од старата Југославија, изложба на постери од Зоран Кардула

Zkardula_Krusevo

 

12:00-14:30 АКТО АГОРА | Локација: паркот на Oфицерски дом
Каков Офицерски ни треба?
дискурзивен проект изработен во рамки на проектот „Културни простори за активни граѓани“ во парнерство со Локомотива – Центар за нови иницијативи во културата и уметноста

 

14:30 – 18:00 АКТО МУЗИКА | Локација: плато пред мезе – бар Јагода
JUNE 
РИБ


 

18:00 -19:30 АКТО ДИСКУСИЈА | Локација: плато пред мезе – бар Јагода
Продукција на музика во студио, гаража или дома? Разлика во пристапот на творење на електронска и гитарска музика, бенд и соло артист.
Модератор Саша Павловиќ

20:00 АКТО ИЗЛОЖБА | Локација: Изложбен простор на КЦ Магаза при НУ Завод и Музеј Битола
Совршениот уметник, групна изложба на учесниците на дискурзивно – едукативната програма АКТО Совршениот уметник
Кураторка: Ивана Васева
Учесници: Ана Јовановска, Амир Карахасан, Марија Конеска, Драган Мишев, Наташа Неделкова, Анастасија Пандиловска, Николче Славевски, Немања Трајковиќ, Елена Чемерска, Дејан Џолев и Зоран Шеќеров
Координатори – ментори на програмата: Ивана Драгшиќ, Филип Јовановски, Оливер Мусовиќ, Биљана Тануровска – Ќулавковски
Изложбата ќе биде отворена до 5.09.2017

21:00-01:00 AKTO МУЗИКА | Локација: Задруга Артикултура
Промоција на деби албумот “If…” на култниот битолски бенд Land /Green Grass Dreams/
DJ Соња Исмаил
DJ Вера Умка

 

3 септември 2017 (недела)

 

12:00-13:00 АКТО ЗА ЗАЕДНИЦИТЕ | Локација: мезе – бар Јагода
Изложба од настанот Мал битолски монмартр за Офицерски

Контекст: Солидаризирањето во одбраната и враќањето на заедничкото добро или јавното добро, доброто кое е наменето да го користат сите, е предизвик кој постојано е на тест и со различни варијации, посебно во изминатава декада во земјава. Сведоци бевме на ригидно спроведуваната идеја за отуѓување на заедничките добра под притисокот на пазарната логика но и под везот на ситнограѓанските и националистички интереси. Оневозможувањето на силен колективен глас беше спроведувано од различни притисоци, од оние кои ја запираа секоја прогресивна идеја до оние кои влијаеа на лично ниво доведувајќи до автоцензура, но и до ограничување на колективниот дух.
Борбата на повеќе нивоа, изминатиов период не оддалечи од она што би требало да биде централно за сите нас – култура изградена на силни човечки вредности и етика, култура на споделување и делење.
Се чини дека сега, во еден ветувачки период од поновата историја, е потребно да се здружиме и да го бараме од што им припаѓа на сите – почнувајќи од симболот на Битола, Офицерски дом.
По 11 години постоење и по работењето и во повеќе различни средини, АКТО Фестивалот за современи уметности, на почетокот на својот 12 роденден повторно ја отвора темата за заедницата но овој пат повикуваќи ги сите индивидуалци, заедници и сектори во Битола за приклучување за ревитализирање на еден од најзначајните културни знаци во градот – Офицерски дом.
Минатата година АКТО ја отвори уште еднаш темата и значењето да се биде заедно, манифестирано во форма на постоење на колективи (групи) и нивната политичка моќ како и можностите и потенцијалите на формирањето на заедница која ќе ги истакнува антагонистичките принципи. Оваа година, тоа искрснува во силни заложби за зачувување на еден важен објект во градот – Офицерски дом!
Во изминатиот период се случија многу иницијативи кои се обидоа да дадат внимание на објектот толку значаен но се чини тенденциозно оставен да пропаѓа. АКТО користејќи го своето наследство на активности кои се случиле таму повикува уште еднаш на згрижување на овој објект и на негова заштита.