Marko Nastić во клубот Епицентар

1 септември 2017

Клубот Епицентар го најави гостувањето на еден од најпроминентните диџеи на балканските простори – Marko Nastić.

MN@E

Марко Настиќ е глобално признаен како продуцент и диџеј изведувач од многумина како еден од најдобрите уметници од Југоисточна Европа. Марко и пријателите постигнаа и изградија една од најживописните клупски сцени на Балканот, онаа која ги инспирираше новинарите на Mixmag, The Face, DJ и NME за истата да пишуваат. Во долгата кариера речиси 20 години Марко има реализирано повеќе од 200 изданија, вклучувајќи голем број ремикси и копродукции.
Во моментов издава на неговата етикета Sake & Vinyl Only и Ama.

Локална поддршка на настапот на Марко ќе биде домашниот Vidinovski.

1 септември во клубот Епицентар, влез: 250 денари.