Здраво млади на 1 септември

1 септември 2018 МКЦ Скопје

Фестивалот на нова музика Здраво Млади го најави своето осмо фестивалско издание кое оваа година ќе се случи на 1 септември на веќе познатата локација во Младинскиот културен центар во Скопје.

zm2018

 

Овогодишниот фестивал, најавуваат организаторите, ќе биде целодневен со информативната објава дека стартува и фестивалскиот билет со претпродажба кој оваа година изнесува неверојатни 300 денари.

Фестивалската билет-понуда трае до 1-ви јуни, ден кога фестивалот Здраво Млади ќе ги најави и првите 3 изведувачи.

За потсетување, во изминатите 7 изданија на фестивалот Здраво Млади имавте можност да ги видите и слушнете во живо Slowdive, King Khan And The Shrines, K-X-P, Lee Ranaldo & EL Rayo, Follakzoid, Moon Duo, Prinzhorn Dance School, Metz, Gonjasufi, !!! (Chk Chk Chk), FM Belfast, Chinawoman, Matias Aguayo, Rebolledo, Ulrich Schnauss, DJ Rashad & DJ Spinn, No Age, Bomb the Bass и многу други.

Фестивалските билети во претпродажба можете да ги набавите преку продажната мрежа на MkTickets, како и на билетарница на Младинскиот културен центар во Скопје.