Концерт на Millions of Dead Tourists во Ла Кања

12 октомври Ла Кања

Грчкото трио Millions of Dead Tourists во рамките на нивната кратка јужнобалканска турнеа ќе настапи на 12 октомври во клубот Ла Кања.

Balkan-tour-2017-2

Millions of Dead Tourists се трио од Атина со хардкор минато кое создава музика, како што сами ја нарекуваат – bass class electronics. Покрај двете бас гитари, користат секвенцери, аналогни сајзери и многу педални ефекти. По ланскиот феноменален настап во Ла Кања, Millions of Dead Tourists ќе настапат со уште една контролирана забегана уживанција. Концетот е закажан за четврток, 12-ти октомври во 21:30 часот. Влезот на концерот е слободен.