!!! (ChkChkChk) повторно во Скопје

13 ноември 2017 МКЦ

Филмскиот фестивал Cinedays го најави гостувањето на калифорнискиот dance-punk бенд !!! (ChkChkChk) кое ќе се случи во рамките на фестивалската програма на 13 ноември во Дансинг салата „25 мај“ во МКЦ со целовечерен самостоен концерт.

CCC

Бендот кој ја преоплни улицата пред МКЦ во рамки на четвртото издание на фестивалот на нова музика Здраво Млади – !!! (ChkChkChk) се повторно во Скопје, овојпат на нивно барање. Денот на ослободувањето на Скопје, 13 ноември, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се празнува со настапот ChkChkChk и промотивното претставување на нивниот последен, седми по ред студиски албум Shake the Shudder.

Билетите се веќе во предпродажба преку МК тикетс, Купи карти за сè и Билетарницата на МКЦ, по цена од 350 денари до 1 ноември. После тоа, цената на билетот ќе чини 500 денари, а на денот на концертот 600 денари. Билетите за концертот на !!! (ChkChkChk) се во строго ограничен број.