Anna O. и YÖU на Cinedays

14 ноември 2018 МКЦ Скопје 23:00

Фестивалот на европски филм Cinedays ја најави фестивалската панкрок/емо вечер со концертот на Anna O. и YÖU на 14 ноември во Младинскиот културен центар во Скопје со почеток во 23 часот.

Anna O. се кочанско трио кое музички варира од меланхолично болни погледи до испакнати вени од агресија. Чиста експресија која не нуди решение или излез од калта, но неуморно потсеќа дека е гадна и дека смрди. Овој концерт воедно ќе биде и концертна промоција на нивниот нов албум „Гробот на еден робот“, реализиран за Kran Records.

YÖU се емо/пост-хардкор тројка од Скопје подготвенa да ја плукнe повторно својата душа на сцена. Марко Крстевски, Тејка Васиљевиќ и Ерик Омерагиќ ќе го промовираат годинешниот деби албум We Sing The Blues… (Deny Records).

Билети по цена од 200 денари преку продажната мрежа на MkTickets и на Билетарница на МКЦ.