Стагнатор со промоција на деби-албумот „Цена на независност“

15 декември 2018 Гаражи под плочник 20:00

Грајндкор метал психоделичниот бенд Стагнатор го најавија своето дебитанстско албумско издание „Цена на независност“, со промотивен концерт на 15 декември во Гаражите под плочник кај Соборниот храм во Скопје.

По шестгодишна пауза, Стагнатор се враќаат на сцената промоворајќи го албумот првенец „Цена на независност“, кој содржи 20-ина минути „дисторзирана паника и ревност, макотрпно требени од сувишност и калени со смртна сериозност, нудејќи ќоше искрен македонски метал“. Стагнатор постојат од 2011 и во него членуваат Матеј Јошевски на гитара, Марко Ковачевиќ на тапани и вокали, Љубинко Ѓекиќ на вокали и Иво Павловски на бас.
Албумот ќе биде претставен со промотивен настап во Гаражите под плочник (позади Соборен Храм) со почеток во 20 часот. Влезот е слободен, а на концертот промотивно ќе се продава ЦД-то со албумот „Цена на независност“ по цена од 300 денари.