Концертна промоција на деби албумот на Filch

16 септември 2017 МКЦ Кино Фросина

Новото име на скопската музичка сцена Filch на 16 септември во кино Фросина ќе одржи концертна промоцијата на нивниот истоимен деби албум.

FlichP

Filch се Златко Андријевски на гитара, Дарко Стојоски на гитара, Теодор Бошков на бас, Бранко Сампалев на клавијатири и Гишо Динев на тапани.

„Свесен но дезориентиран, одвратен но секси, Filch ќе ве води низ секојдневната машинерија наречена живот. Нема потреба од зборови, нема потреба од ирационално возбудени сетила. Ви се допаѓало или не, сите сме Filch. Уживајте во нашите инструментални приказни додека се обидуваме да ги насликаме нашите внатрешни импресии од овој див свет. Filch ве сака. Сите ве сака. Па, можеби и не баш сите.“ – Filch ве повикуваат на промоцијата.

Концертот е закажан за 20 часот, влезот е бесплатен, а на промоцијата ќе можете да го набавите албумот по промотивна цена од 150 денари.