Trondheim Jazz Orchestra & Ole Morten Vågan на првата фестивалска вечер на СЏФ

19 октомври | Македонска опера и балет | 22:00

Скандинавскиот џез состав Trondheim Jazz Orchestra ќе настапи заедно со прослевениот басист Ole Morten Vågan како гостин на првта фестивалска вечер на Скопскиот џез фестивал во четврток, 19 октомври во Македонската опера и балет со почеток во 22 часот.

Thor

Trondheim Jazz Orchestra е еден од најважните и најкреативни џез состави во Европа. Важна карактеристика на Trondheim Jazz Orchestra е флексибилната и променлива големина на оркестарот. Функционира на проектна основа и се менува во однос на инструментацијата и големината во зависност од еден до друг проект. Во текот на изминатите седумнаесет години, оркестарот имаше голем број возбудливи проекти со норвешки и други џез музичари, како Чик Корија, Пет Метини, Џошуа Редман, Ерленд Скомсвол, Ејрик Хегдал, Софија Јернберг, Џени Хвал и Стијан Вестерхус. Музичарите вклучени во оркестарот се меѓу најпознатите џез имиња од Норвешка.

Оле Мортен Ваган е еден од најбараните норвешки басисти и композитори. Како водач на својот квинтет Mоtif од 1998 година тој ја изведува својата музика ширум светот. Во мај 2014 година премиерно го претстави своето ново дело, овојпат како уметнички директор на Trondheim Jazz Orchestra. Во април 2016 година проектот е одбран за промоција на Jazzahead во Бремен, а во 2017 година е присутен на џез фестивалите ширум Европа.

Резервација и продажба на билети по цена од 600 денари во: Југотон рекордсМОБМКЦ и mktickets.mk.