Концерт на Atheist Rap во МКЦ

21 декември 2018 МКЦ Скопје 21:00

Српскиот панк-рок бенд Atheist Rap го најави своето концертно гостување во Скопје на 21 декември во Младинскиот културен центар.

Две години по „концертот за паметење“ на Atheist Rap во 2016, бендот се враќа во Скопје со концертен спектакл кој го најавуваат во скопското МКЦ овој викенд, во петок на 21 декември.
Во договор со организаторите, Atheist Rap отвораат таканаречено Скопско биенале, каде бендот ќе настапува секоја парна година во Младинскиот културен центар во Скопје. Следниот концерт на Atheist Rap е веќе закажан за 2020 година.

Концертот на Atheist Rap е закажан за 21 часот, а карти за концертот по цена од 300 денари можете да набавите само на билетарница на МКЦ или онлајн на bileti.mkc.mk.