БОШ фестивал по деветти пат во Гевгелија

21 октомври 2017 Гевгелија

Проглас е последното е издание на БОШ 9 кој помалку зборува, а повеќе кажува. Манифест за посветеност, постојаност и континуираност на алтернативната уметничка продукција.

BoshProglas

 

Програмата на овогодишното издание на БОШ:

[ изложба ] МИСТЕР МОРГЕН

Последниот стрип на легендарниот плакат мајстор Игор Хофвбауер од Загреб за кој Нина Буњевац вели дека е „Чарлс Брнс на Балканот“. Овој мрачен и визионерски стрип инспириран од улиците на Нов Загреб е своевидна приказна за урбаните предградија на екс Југославија …. брут архитектура, бетон, мрачни сокаци, црни сенки и …. Базиран на комбинација од класичен американски андерграунд стрип и филм ноар, поп арт, германски експресионизам и руски конструктивизам „Мистер Морген“ e постапокалиптична приказна составена од 13 дела кои настанале во изминатите 10 години, без вишок на зборови, линии, точки или празни букви. Се е во функција на суштината.
Игор Хофвбауер е еден од највозбудливите автори на Балканот кој стана познат по своите плакати за концертите во клубот Мочвара во Загреб. 

ih-mm


BERNARDA XILKO - PLAZMA
[ изложба ] ПЛАЗМА

Стрип на сито штампа во издание на La Dernier Cri од Марсеј кој неможе да се прераскаже, ниту пак категоризира. Луциден и визионерски го соголува човечкото тело не оставајќи простор за друга можност освен оваа овде и сега. Неверојатно оригинален Бернарда не води на едно поинакво патување низ естетиката. Гледајте подолго за да видите повеќе. Препрочитајте. И потоа сонувајте. Што неможе на јаве, нека се случи во сон. Бернарда Хилко дел од колективот Ново Доба, Крекхаус и Турбокомикс. Живее и работи во Белград/Загреб/Сплит/Париз.

plasma3

 

 

[ концерти ]

 

Mammoth & Yashem

 

Lepi Xhoni

 

БОШ фестивалот е под покровилетство на Министерство за култура, во склоп на манифестацијата „Нов културен бран“.