Shock Troopers десетгодишнина во МКЦ

25 ноември 2017 МКЦ 21:00

Метал-хардкор бендот Shock Troopers го прославува својата десетгодишнина од постоењето на групата со концерт на 25-ти ноември во Младинскиот културен центар во Скопје со почеток во 21:00 часот.

ST-MKC1

Кирил Манчевски, Иван Јованов, Виктор Андоновски, Владимир Петковиќ и Драган Теодосиев, попознати под името Shock Troopers во овие 10 години издадоа 2 албуми – “Split with Remrants”, за Insulin Addicted Records во 2012 и „Лешинари“, реализиран за  Diehard Records во 2013.  Европската турнеја ја имаа во септември и октомври 2014.

Гости на концертот на Shock Troopers се Gargoyles и Schwartzen. Влезници во претпродажба на билетара на МКЦ по цена од 200 денари, на врата 250 денари.