Концерт на SUSIJAT во Ла Кања

26 октомври 2017 La Kaña

Во четврток, 26-ти октомври, во интимниот простор на кафе-барот Ла Кања со концерт ќе настапат SUSIJAT.

SLK4

„SUSIJAT е бенд чија музика го зазема просторот помеѓу колективна импровизација и строга композиција. Со нивниот отворен пристап кон музиката што ја створаат, често е нејасно во кој правец ќе завршат нивните композиции, што и дава одреден квалитет на музиката како жива и менлива материја. Материја зависна од индивидуалните чувства и размислувања на музичарите и начинот на кои тие ги комуницираат истите меѓусебно, но и со слушателот. Динамичкиот спектар со кој располага оваа група е исклучително широк, и лежи послан помеѓу кршливото и грубото – од тивки и етерични делници до екстремно гласни и кондензирани звучни ѕидови“ – Дени Омерагиќ.

Лазар Дарковски, Никола Дрвошанов, Деан Змејкоски и Тодор Караколев ќе претстават песни од нивниот нов материјал за кој подготвуваат албумско издание.

Концертот е закажан за 21:30 часот, влезот е слободен.