Здраво Млади #5

ZM2015

 
Фестивалот на нова музика Здраво Млади, оваа година мини јубилејно, по петти пат, на 7-ми јуни со целодневна програма, на три сцени. Здраво Млади #5 е со нов концепт и нова енергија, во еден ден, со 14 артисти, со штандови за здрава храна и витамински напитоци, штандови за плочи, книги и стрипови, како и Јуниорска Здраво Млади програма.

Настапуваат: Gonjasufi, Bernays Propaganda, Metz, Prinzhorn Dance School, Artan Lili, Ti, Vlasta PopićOrchestre Tout Puissant Marcel Duchamp, Conquering Lion, Lepi Xhoni, RIBSürtüklerКир и Moodswinger.

Билети за фестивалот можете да набавите на билетара на МКЦ (секој ден, од 13 до 20, освен недела и понеделник), но и преку продажната мрежа на МКтикетс. Цената во претпродажба е 450 денари, а на денот на фестивалот 600 денари. Здраво Млади го нуди и „другарскиот билет“ (4+1 гратис).