Сибирската техно дива Нина Кравиц на фестивалот Green Beach

27 јули 2018

Фестивалот Green Beach Festival го најави гостувањето на првата дама на светската техно сцена – Нина Кравиц.

nk@gbf

Деветта година по ред, Green Beach Festival продолжува да се одржува со импозантни хедлајнери од глобалната електронска сцена, кои гостуваат кај нас во врвот од својата кариера и со кои овој настан прерасна во синоним за најквалитетно електронско доживување.
Ова лето, фестивалот ќе се одржи на 27-ми јули, а публиката на фестивалот ќе има привилегија да го погледне премиерниот настап на најпопуларната дама на светската електронска сцена – Нина КравицНајдобрата диџејка за 2017-та година Сибирската техно дива е позната по бескомпромисните и енергични диџеј-сетови со музика која многумина не би се осудиле да ја „вртат“, а во изминатата година имаше и завршни сетови на одбрани фестивали за кои потоа зборуваше цела планета. Таа важи за една од најхаризматичните личности на електронската сцена, а нејзините настапи се прочуени по уникатното и интензивно  чувство со кое ја восхитува публиката.

Единствениот музички сензибилитет и музичкото образование со бескомпромисен пристап кон уметноста, како и искрениот однос кон публиката, ја позиционираа Нина Кравиц како хедлајнер на водечките светски фестивали, меѓу кои и Coachella, Amsterdam Dance Event, Awakanenings, Sonar, Exit, DEMF, Timewarp, Mutek, Kappa Futur и многу други. Посебно се издвојуваат нејзинитерезидент настапи на престижните журки на Ричи Хотин, „ЕНТЕР“ на Ибица, како иредовните настапи во најголемите европски клубови како што се „Конкрет“ во Париз, „Нитса“ во Барселона, „Фабрик“ во Лондон или „Бергхаин“ во Берлин. Од 2016-та година, секој втор четврток во месецот, Нина има и престижна резидентура на „Би-би-си Радио 1“, а популарноста на нејзината издавачка куќа „трип“, предизвика вистинска инвазија на свежи и исклучително квалитетни продуценти на европската сцена во последните две години. Во 2017-та година таа се закити и со признанието од страна на еден од водечките светски магазини за електронска музика „Миксмаг“ кој ја постави на самиот врв од листата за најдобри диџеи на годината, во која пак Нина несомнено владееше со своите настапи ширум светот. И восхитува фактот дека со секој нов освоен врв во нејзината кариера, Нина Кравиц станува и сè повеќе раскошна во нејзиниот музички израз, а нејзините сетови сè поуникатни од било што друго на сцената.

 

Кравиц е родена и пораснала во сибирскиот град Иркутск, а љубовта кон музиката и плочите ја наследила од нејзиниот татко кој слушал џез и психоделичен рок. За време на 90-тите таа го открива ејсид-хаус звукот и набргу ја започнува емисијата на локалното радио посветена на електронската музика. Селидбата во Москва и новинарската работа во музичкото списание „Птуч“, како и подоцнежното работење во организирање на техно журки, ќе и донесат подобар увид во светските електронски текови, а нејзината импресивна колекција на плочи постојано расте. Набргу стигнува и повикот да ја организира програмата во петок навечер, во водечкиот руски клуб „Пропаганда“, која за кратко време прераснува во најважната техно и хаус вечер во Москва. Благодарение на истенчениот вкус на Нина, престолнината на Русија ја посетуваат самите икони на електронската сцена како што се Тео Париш, Мајк Хакаби, „Дроплерефект“, Хуан Аткинс и бројни други. Музички исклучително образована, Нина вредно работи во студиото и набргу го објавува својот деби сингл „Voices“, по кој следува исклучително успешното ЕП „Pain in The Ass“. На тој макси-сингл се наоѓаат и култните нумери „I’m Gonna Get You“ и „Ghetto Kraviz“. Еден од клучните моменти во кариерата е секако и снимањето на миксот за легендарната „Диџеј Кикс“ (DJ Kicks) серија, кој критиката го прогласи за еден од најдобрите, рамо до рамо со имињата како што се Карл Крег, Тига или Џон Талабот.

Наскоро ќе бидат објавени повеќе информации за настанот, продажбата на билетите и новата локација на струшко-охридското крајбрежје за деветтиот Green Beach Festival.