"Thee Story of PMG Recordings 1998 - 2018", промоција на винилно издание

28 декември 2018 МКЦ Скопје 22:00

По повод 20 години работа, независната дискографска куќа PMG Recordings го одбележува јубилејот со промоција на најновото винилно издание на куќата “Thee Story of PMG Recordings 1998 – 2018”, двојна компилациска плоча со најдоброто од дваесетте години издаваштво на PMG Recordings.

tsopmg

На компилацијата “Thee Story of PMG Recordings 1998 – 2018” ќе се најдат 21 изведувач: The John „Ние сме од Скопје“, PMG Kolektiv „Контрол“, Mr. Brown “Mr.Brown vs Devil”, Александар Велики „Плочи“, Bei the Fish “Living in a Box”, Mooger Fooger “Oki Trash”, Bernays Propaganda „Безбедно лево“, Millko „Средба“, Muhamed Ibrahimi “Fly”, Conquering Lion “Blind”, Локален Патриот „Гомно на плоштад“, Robotek “Loop the Time”, Кантон6 „ТВ Дневник“, Special People Club „Лица во огледало“, Марија Каева „Здраво те сакам“, Душко Јаневски “Mind Over Matter”, Александар Пејовски “Leftover 1 feat. Тина Горовска”, Sethstat, Никола Коџабашија и Мирко Попов „Кругови“, Galathaia „Десет“, Мирко Попов Quartet „Соло“ и Пиколомини „Авиони“.

Програма на промоцијата предвидува мал концерт на Кантон6 со гостинот Владан Дробицки од Sethstat на тромбон, младиот електронски состав Барум Барум со настап во живо како и диџеј сет на ПМГ ветеранот Дарко Јорданов.

Промоцијата ќе се одржи во фоајето над киното Фросина, влезот ќе биде бесплатен „со покани“. Двојниот винил “Thee Story of PMG Recordings 1998 – 2018” ќе можете да го набавите на самата промоција по промотивна цена од 1500 денари.