Магаре и музика, фестивал на Балкан Велики

29 декември 2017 МКЦ

Скопската инди етикета Балкан Велики го најави првото издание на фестивалот „Магаре и музика“ кое премиерно ќе се случи на 29 декември годинава во Младинскиот културен центар во Скопје.

MM_BV

Фестивалот ги претстави и учесниците на премиерното издание на Магаре и музика. На фестивалот ќе настапат носечките имиња на инди-етикатета Балкан Велики, како и неколку гости: Bernays Propaganda, Васко АтанасоскиFonija, Александар ВеликиVoltaire Mani Al Hakim, Љупа АнгеловМариналедаСашо Митревски, како и Балкан Велики диџеи/ки.

Фестивалот е закажан за 29-ти декември во 21 часот, а влезниците во МКЦ се веќе во продажба по цена од 200 денари во претпродажба и 400 денари на врата.