Phi во Скопје
PHITOUR
Австриското прогресивно рок трио „Phi“ ќе ја започне својата европска турнеја во август промовирајќи го нивниот најнов албум „Now the Waves of Sound Remain” кој беше издаден од страна на „Gentle Art of Music“ минатата година. Бендот ќе настапи во Скопје на 24 август во Хавана заедно со бендовите „Vizija“ и „Kolt“.
По нивното формирање во 2006 и постигнувањето првите видни успеси во 2008, „Phi“ го издаваат албумот „Years Of Breathing“, кој добива одлични критики. Бендот има настапувано во Австрија, Гермнија, Швајцарија, Унгарија, Романија и Литванија. Во својот нов албум бендот кој потекнува од Баден создава звук кој е споредлив со оној на „Rush“, „Tool“ и „Porcupine Tree“.