Водич за Exit 2015

Exit_2015.1

Како што наближува почетокот на овогодинешниот 15-ти по ред Exit фестивал, повеќето кои се спремни да го посетат веќе ги имаат своите фаворити од огромниот список на артисти кои ќе настапат оваа година и навистина не им е гајле што некој друг ќе им препорача. За останатите кои сеуште имаат празен простор на својата саатница, се отворени за сугестии или едноставно ги интересира да проверат нешто кое не го забележале претходно на програмата – ова се моите препораки за Exit 2015. За особено уредните фанови, корисна е и алатката за креирање на свој персонализиран распоред достапна на сајтот на фестивалот.

Бонус парче истражувачко новинарство од извори во организацијата на фестивалот: Полициските сили ангажирани во обезбедувањето на настанот и претресувањето на гостите се под посебни наредби оваа година да бидат екстра темелни во потрагата по наркотици и недозволени материјали на влезот од фестивалот, како и во камповите. Очекувајте претреси од 3-5 минути по човек на влез, што значи не само дека е потребна поголема креативност и/или параноја при внесувањето на омилените витамини (во спротивно ве чека вечер во притвор и казна од 400 до 800е), туку и многу поголеми редици на влез од она што сме навикнати – бидете претпазлици и дојдете барем 15 минути порано за првиот настап од секоја вечер која сакате да го проверите!

exitcops

 

Избор на настапи кои не треба да ги пропуштите:

>> Четврток (концерт): Eagles of Death Metal // 21:15 @ Main Stage
Josh Homme со Eagles of Death Metal екипатa и сандак пиво за пристоен почеток на фестивалските зезања.

 

>> Четврток (журка):
Chris Liebing // 03:30 @ Dance Arena
Icicle – ENTROPY (live) // 03:00 @ Main Stage

Техно ветеранот Chris Liebing во својата 20+ годишна кариера има повеќе успони и падови но ако изданијата на неговата издвачка куќа CLR од последниве неколку години се добра индикација, ова е одлична прилика да се фати во врвна форма. Доколку сте расположени за мрачен и минималистичен D’n’B на масивниот саундсистем на главниот стејџ, Icicle од Shogun Audio ќе ја претстави во живо музиката од неговиот нов албум Entropy.

 

Xanax // 00:00 @ Future Shock Stage

Прилично слаб фестивалски ден на поголемите сцени, но интересен избор на регионални артисти низ повеќе ќошиња на фестивалот. Xanax се симпатичен електропоп бенд од Белград кој го заслужува вашето внимание – проверете ги, ќе бидете пријатно изненадени!

 

Петок (журка):
Sloxxx (live) // 00:00 @ No Sleep Novi Sad Stage
CW/A (live) // 02:00 @ No Sleep Novi Sad Stage

Најдобро чуваната тајна на Exit – HappyNoviSad бината која се специјализира во квалитетна и некомерцијална електронска музика оваа година е ребрендирана како No Sleep Novi Sad, за среќа програмата продолжува по одличната кураторска палка на новата екипа и лесно е да се забележи дека иако составот е прилично разнолик по денови, квалитетот на кој сме навикнале е тука. CW/A (Clockwork + Avatism) за хаус публиката и настапот во живо на Sloxxx (од Нови Сад) на неговиот домашен терен не е за пропуштање!


 

>> Сабота (концерт):
Virus // 02:35 @ Explosive Stage
Треш метал а-је! \m/

virus

 

 

Kanda Kodza i Nebojsha // 02:00 @ Fusion Stage
На половина од фестивалот – искулирајте и впијте ги позитивните вибрации на Канда Коџа и Небојша, пред да продолжите со посериозно зезање

 

 

>> Сабота (журка): MORD Records showcase
Целовечерно лудило на No Sleep Novi Sad Stage со екипата од Mord Records – Bas Mooy, Radial, Charlton, Filip Xavi, Lag & Skalameriya, A//O & КИР и сите останати, техно настанот кој барем за мене го одбележува ова издание на Exit – не пропуштајте!

 

>> Недела (концерт):
Leftfield (live) // 01:30 @ Dance Arena
Иако новиот албум е прилично слаб, настапот во живо на Leftfield не е за потценување.

 

 

>> Недела (журка):
Dixon // 03:30 @ Dance Arena
Еден од поинтересните хаус DJ-и во моментов, барем на големата сцена – вреди да се провери.

 

Critical Soundsystem (Enei/Mefjus/Kasra) // 03:30 @ Main Stage
Опасна Neuro D’n’B супергрупа – тврда на уши но опасно квалитетна комбинација!