Prilep Jazz Weekend

PJW

Од 27-ми до 29-ти август, на летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи интернационалниот џез фестивал Prilep Jazz Weekend 2015. Честа да го отвори фестивалот ја има македонскиот артист Емин Џијан со своето трио.
Покрај него, ќе настапат: Милан Петровиќ Квартет (Србија), триото на браќата Тавитјан, групата на Теодисии Спасов (Бугарија) , руската драменбејс атракција Салто и алтер составот на Дарко Рундек – CUL DE SAC.
Сите концерти ќе се одржат на летната сцена на Центарот за култура “Марко Цепенков“.