Јујо

 

M_V

Поттикната од желбата за соработка на уметностите и медиумите, Ивана Стојковска започна да работи под псевдонимот Јујо. Првата соработка се случи со Петар Јовановски (како звучен инженер) во октомври 2014, со поставањето платформа, иницирана од зборови (поезија) кои резонираат со звук, слика и движење низ дијалог, каде звукот станува слика, сликата – збор, движењето кое кажува, со поезијата која е жив инстумент, кој придвижува и црта.

Во проектот подоцна се придружуваат и Михајло Стојанов и Дину Вангели (гитара, пијано, ритам машина), оживувајќи неколку песни од збирката поезија „Минден Вернакулар“, во таканаречениот проект „Дипеив ми“ (ЦД со книга, независно издание), промовиран во МКЦ на 19-ти мај 2015 со мултимедијален перформанс (со Михајло Блажески кој ја илустрираше поезијата и Адријана Данчевска, со која беа работени движењата и современиот танц како комуникација/игра поттикната од самите стихови.

Последниот проект на Јујо е Potential Worlds, перформанс изведен со Димитар Додовски на овогодинешниот фестивал за електронска музика и мултимедијалните уметности De:sonanz.

Јујо е покана за соработка на медиумите/световите иницирана од поезија.