Локомоушн #8

L620x270px

 

Од 24-ти до 28-ми октомври во Младинскиот културен центар ќе се одржи осмото издание на фестивалот за современ танц и перформанс „Локомоушн“. На фестивалот ќе бидат претставени 8 танцови проекти, како и неколку работолници и промоции на книги. Фестивалската програма на Локомоушн #8 е поддржана од општина Центар преку проектот КИНО КУЛТУРА, Гете Институт Скопје и Министерството за култура на Република Македонија. Критичка Пракса _Made in Yu_ програма во рамките на проектот Life Long Burning е подржана од ЕУ програмата за култура.
Дел од програмата на Локомоушн ќе се одржува и во просторите на фестивалот во Менада, Подградје и Стара чаршија.
Влезот е слободен.

 

 

Сабота 24.10.2015
20:00 НА ТРАКА
Авторство и изведба: Игор Коруга

21:30 -das marionette- : Saudade
Изведува: Adriana La Selva (Адриана Ле Селва), музичка изведба Arnaud Stox (Арно Стокс)

Недела 25.10.2015
20:00 VERFREMDUNGSZWECKE
Purpose Of Alienation
кореографија: Angela Kecinski (Ангела Кецински)
изведуваат: Teresa Hoffmann, Angela Kecinski, Elisabeth Leopold, Patricia Mai (Тереса Хофман, Ангела Кецински, Елизабет Леополд, Патрициа Маи)


Понеделник 26.10.2015

20:00 MOVEMENT OF LOVE
Движење на љубовта
автор Sabrina Železnik (Сабрина Железник)
презентација на истражување

21:00 MRF
Ко-автори, изведувачи, музика и текст: Драгана Заревска и Александар Георгиев
презентација на истражување

Вторник 27.10.2015
12:00 ОТКРИВАЊЕ НА КРЕАТИВНИОТ ПРОЦЕС: ДВИЖЕЊЕ, КОНТАКТ, ЈАЧИНА
Работилница на Anita Chari (Анита Чари)

20.00 Промоција на теориска книга од Анита Чари (Универзитет Орегон, Соединети Американски Држави) во разговор со Сенка Анастасова (Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје) / Политичка економија на сетилата: Неолиберализам, Реификација, Критика (Колумбија пресс, октомври 2015), разговор: Проф. Д-р Сенка Анастасова со Проф. Д-р Анита Чари / @ Менада


Среда 28. 10. 2015

20:00 СТАПИЦАТА
Соло на Mariana Tengner Barros

21:30 НАЈДОБРАTA / NAJBOLJA /
изведувач Најдобрата

 

 

CP2

 

LIFE LONG BURNING/ CRITICAL PRACTICE
_Made in Yu_programme

Во рамки на Локомоушн # 8 се одвива дел од проектот Критичка пракса _Made in Yu_
Проектот е ориентиран кон засилување на дискурзивните рефлексии за современите изведувачки уметности, со цел да го овозможи нивниот продор кон пошироката публика; фокусиран на пост- југословенскиот регион и неговата врска со европскиот контекст. Дисциплинската рамка на програмата е предвидена за прашања кои произлегуваат од критичката теорија, уметничката пракса и културните политики, кои се сметаат за меѓусебно поврзани и составни делови на изведувачката уметничка сцена и генерално, на културната сцена.
Овој проект работи во насока на развивање на критичко мислење преку уметноста како составен дел на општеството и поле за општествено-политичко влијание, преку предавања, работилници, дискусии, семинари, и објавување на текстови што ќе овозможи ширење на идеите и резултатите на овој проект. Со овој проект, се овозможува политичкиот и креативниот потенцијал на Балканскиот регион да стане видлив и артикулиран како критичка платформа за млади мислители кои се во можност да направат општествени и културни промени.
Програмата на ЛокоМоушн #8 e следена од учесниците на Критичка пракса_Made in Yu. Тие се вклучени во фестивалскиот програм преку различни активности.

Критичка пракса_Made in Yu_учесници во проектот во 2015: Ида Даниел (Бугарија), Кристоф Фаркас (Унгарија), Шир Хакам (Израел), Ливиа Андреа Пиаза (Италија/ Германија), Ашлинг Маркс (Велика Британија/ Холандија), Стина Нирберг (Шведска) Ана Шнабл (Словенија). Ментор на програмата: Ана Вујановиќ /// програмски кординатори: Маријана Цветковиќ Марковиќ и Биљана Тануровска Ќулавковски.

Повеќе информации за програмата >

Критичка пракса _made in Yu_ во Скопје е организирана од Локомотива и НОМАД танц академија како дел од проектот Life Long Burning. Поддржано од Програмата Култура на ЕУ.