Промоција на новиот албум на Millko

Millko

Две години по албумот „Луѓе“, бендот од западно Скопје – Millko го најавуваат својот нов, втор по ред албум насловен едноставно Millko .
Синглот „Ти“, реализиран на 26 октомври годинава, ги претставува Millko во нивниот добропознат уникатен стил, кој го најавува нивниот нов албум, работен од мај до септември годинава во скопското marryPHAT студио, а на него свират и пеат Сашо Митревски на гитара и вокал, Филип Поповски на бас и Стефан Терпини на тапани.

Промоцијата на новиот албум на Millko ќе се случи овој петок во Ла Кања со почеток во 21 часот, каде ќе можете да го набавите limited edition CD-то.

promocija

Millko “Ti” free download