Земјотрес 4

фестивал на независна музика

 Фестивалот на независна музика Земјотрес годинава го презентира своето четврто по ред издание кое ќе се одржи во сабота, 6-ти февруари 2016, со почеток во 19:00 во Младинскиот културен центар во Скопје

Земјотрес2016
Земјотрес е музички фестивал на македонските независни дискографски куќи. Инициран од 69 Records, Направи Заедно и ПМГ Рекордингс, тоа е потполно отворен концепт, на кој постојано се приклучуваат релевантни чинители на нашата алтернативна сцена. Токму таа сцена е единствената во Македонија која музиката ја сфаќа и третира како уметност, борба и национално богатство. Ако ова ви се чини разумно и интересно, приклучете се на Земјотрес. Настапуваат:

Andreas Hz & Martchin
Anna O.
Carnage Dominion
Defekt 13th
Dj Goce
Fighting Windmills
Funk Shui
Goran Kan
Hardfaced
June
Leitmotif
NBK & Twister
Новиот почеток
PMG Kolektiv
Project: Orpheus
Sethstat & Мирко Попов
Smut
Spank
Swatovski
Telemama
The Government
Тони Димитров

 

И оваа година како и минатите, освен музичката програма во холот на МКЦ ќе бидат поставени и изданијата на дискографските куќи како и промотивните материјали на бендовите. Билетите во претпродажба стартуваат денес во 12 часот на билетарата на МКЦ, цената е 100 денари.