Канал 103 избира најдобар домашен албум и песна за 2015-та

Музичкото радио Канал 103 го претставува „Македонскиот викенд“ кој ќе биде емитуван оваа сабота и недела на брановите на Канал 103, каде во првиот месец од годината музичките соработници на радиото прават избор за најдобар домашен албум и песна за 2015-та.

MVK103

Традиционална прослава на домашната музика ќе содржи и голем број интервјуа со домашни изведувачи, како Кире Митрев од КИМ Бенд, Горан Трајкоски, Сеад Хаџиќ од Мугер Фугер, Владан Дробицки / Sethstat, Дени Крстев од Фонија, Филип Тасевски од Новиот Почеток, Игор Василев – Новоградска, Ивица Димитријевиќ од СИЗ, Телемама, Culture Development и Сашо Митревски (Милко), историја на македонската музика, како и радио концерт на Димитар Додовски.  Вклучете ги во сабота вашите радио премници или слушајте стриминг.
Минатата година музичките соработници на Канал 103 за албум/и на годината ги избраа албумите „Сами мажи и жени“ на Хахаха и „Меѓу митови и бомби“ на Пиколомини, а за песна на годината „Кругови“ на Sethstat, Никола Коџабашија и Мирко Попов.

 

сабота, 23ти јануари
12:00-12:15 Добро утро Македонија!
12:15-15:00 Историја на изборот за најдобри домашни остварувања според Канал 103 (2005-2014)
15:00-16:00 Интервју: Игор Василев (Новоградска)
16:00-17:00 Интервју: Дени Крстев (Фонија/Bernays Propaganda)
17:00-18:00 Интервју: Fitz (Новиот почеток, Земјотрес фестивал)
18:00-19:00 Интервју: Ариан
19:00-20:00 Интервју: Кире Митрев (KIM Band)
20:00-21:00 Интервју: Culture Development
21:00 Mixtape: DJ Goce – Скречови на винил а не пластика
недела, 24ти јануари
12-12:15 Добро утро Македонија!
12:15-13:00 Интервју: Сашо Митревски (Милко)
13-14 Интервју: Владан Дробицки (Сетстат)
14-15 Интервју: Горан Трајкоски
15-16 Интервју: Сеад Хаџиќ – Сецко (Mooger Fooger, Last Expedition)
16-17 Интервју: Драгана Заревска (Телемама)
17-18 Интервју: Ивица Димитријевиќ (SIZ, Rib)
18-20 Count-down: Top 20 домашни песни за 2015
20:00 Канал 103 домашен албум на годината за 2015
22:00 Ако никој не свири: Радио Концерт Димитар Додовски