RIB промотивно со албумот Something Completely Different

Вечерва во Младинскиот културен центар во 21 часот кумановското трио RIB со промотивен концерт за албумот Something Completely Different. Гости на концертот ќе бидат Khara и The Wise Shouldn’t Stay Quiet. Билетите се 150 денари, а ќе можете да ги најдете на билетарница на МКЦ и преку продажната мрежа на МК Тикетс.

RIB

RIB почнуваат да свират во октомври 2014. Јане (гитара и труба), Ивица (гитара и вокал), Филип (тапани и перкусии) нé водат на едно поразлично музичко патување од досегашните на кои сме навикнати со нивните останати бендови и проекти. Од плажите на Venice Beach преку суптилната атмосферата на њујоршките џез клубови, па сé до скопските летаргични возења на точак. Rib го снимија својот прв албум, во јануари 2015, во студиото на Ивица Јанкуловски и својата концертна промоција ја имаа оваа пролет, на бината на Здраво Млади.