Чистилиште и Red Sails Billow во МКЦ

C+RSB

Составот Čistilište е трио од Белград. Нивниот звук претставува експлозивна комбинација на мрачен noise и art punk со два вокали со голем емотивен набој, бескомпромисен став, силна енергија и голема прифатливост на песните зад кои се крие масивен звук кој го раздвижува телото. Ивана Пауновиќ – гитара, Немања Булатовиќ – бас и Трајче Николовски – тапани.

Red Sails Billow е творевина на две судбоносни средби на железничката станица во Скопје. Откако се запознаа, Марко Галевски (бас), Александар Томевски (гитара) и Бојан Станиќ (тапани), тројцата со различни музички влијанија (класика, метал и сурф), создадоа жанровски мутиран инструментален звук, микс од пост-рок, мет-рок, метал и еден куп други влијанија.

Во МКЦ, на 30-ти јануари 2016 во 21:00 часот. Влазница: 150 денари