Прв роденден на Бла Бла телевизија

Скопската интернет Бла Бла телевизија на 4 февруари го прославува својот прв роденден. Како и кај човечкото хуманоидно суштество, така и кај нив првите месеци беа најтешки. Од првиот здив и прогледување, првата емисија и првата статија, Бла Бла Тв е сé уште независна, некомерцијална, повеќе ентузијастична од профитна организација. Тимот составен од неколку режисери, монтажери, камермани и новинари, млади но веќе докажани професионалци успешно, а притоа со минимални средства и опрема успеа да создаде многу интервјуа, следење на концерти, настани, промоции, статии, рецензии, промовирање на песни, албуми и спотови.

MKC-RODENDEN-BLA-BLA

Искрени во намерата и желбата да продолжат во иднина да растат и да се развиваат, даваат бескрајно многу љубов и енергија, потребни да станат стожер на македонската алтернативна сцена. Така, со раѓањето на првата интернет телевизија во Македонија, започна да живее Бла Бла Тв.

Во Младинскиот културен центар на роденденот на телевизијата со почеток во 20 часот настапуваат:

К.У.Р
ПУКА КОЗМЕТИКА
ВИЗИЈА
ФУСНОТА
ВЕРКА
ТОКСИКОЛОЗИ
ДИЏЕЈ СЛАВЕ
АЛФА
БАЗА 903
ЛОШИ ДЕЦА
ТОТАЛНО ОПУШТАЊЕ
ЧУЛЕ (ФИСТ)
ОКЕАН ПАЦИФИК
ДИЏЕЈ ЈЕ ЈА