Wooden Wisdom и DJ Fitz на Здраво Млади

Фестивалот на нова музика Здраво Млади ги објави првите потврдени имиња кои ќе настапат на шестото издание на фестивалот, кој оваа година ќе се одржи на 4-ти јуни, традиционално во Младинскиот културен центар во Скопје. Првото изненадување на фестивалот е диџеј двојката Wooden Wisdom, во придружба на DJ Fitz.

WW
Wooden Wisdom се двајца диџеи, Turquoise Wisdom (Zach Cowie) и сјајниот актер и сопственик на издавачка куќа Илајџа Вуд (Elijah Wood – Фродо од Господарот на прстените). Ова дуо пушта класични фанк-соул траки, меланхолични стари инструментали, денс њувејв траки за шизење од 80-тите – главно, музика што ќе ве размрда! Илајџа Вуд е сопственик на издавачка куќа и има колекција од околу 4000 плочи. Во паузи од снимања, слободното време го користи за диџејување со својот другар Зак и патуваат ширум светот, правејќи одлични забави.
Во оваа прилика, придружба им е DJ Fitz, чии сетови имаат една цел, да докажат дека постои и друга култура, таква којашто верувала или сè уште верува во психоделична музика. Од 2013, тој секоја година на фестивалот Килби (Швајцарија) покажува дека го има најдобриот 2-часовен psych сет во светот. Ако постоеше бог на psych-от, ќе се викаше Mr. Fitz!
Здраво Млади наскоро ќе ја обелодени и комплетната програма.

 

VF Mix 08: Elijah Wood & Zach Cowie (aka Wooden Wisdom) by The Vinyl Factory on Mixcloud

VF Mix 31: DJ Fitz (Bollywood Special) by The Vinyl Factory on Mixcloud