✚✚✚

48-часовно музичко и социјално искуство

+++_fb-cover4.1

Dis-patch колективот и клубовите Drugstore и 20/44 ја објавија комплетна програма на првиот ✚✚✚ настан, најавен како „48-часовно музичко и социјално искуство“, на планината Јелица во близина на Чачак, Србија, кое можете да го доживеете од 3-5 јули. Оваа самоодржлива и непрофитна иницијатива ја објави и Kickstarter кампањата за поддршка на изградбата на сцената и потребната инфраструктура, со последниот промотивен настан во сабота, 13 јуни во клубот Drugstore.

✚✚✚ е 48-часовно нон-стоп музичко и социјално искуство на шумска локација оддалечена 150 километри од Белград. Овој специфичен проект беше инициран од страна на колективот Dis-patch – организатор на фестивалот со истото име од 2002 до 2010 година, како и и двата водечки белградски андерграунд клубови – Drugstore и 20/44.

Со ограничен капацитет од само 300 гости, ✚✚✚ е самоодржлив и непрофитен настан кој има за цел да понуди нови, синергетски музички и социјални искуства во шумски амбиент на отворено. Првото издание на ✚✚✚ ќе биде одржано на падините на планината Јелица, во близина на Чачак, од 3-ти до 5-ти јули, со почеток во петок, а со завршеток во недела во 18 часот.
Идејата зад концептот ✚✚✚ е да се охрабрат новите, освежувачки ситуации, за создавање заеднички културен простор кој ќе ги вклучи локалните и уметничките заедници во духот на партиципативна „ко-креација“. На настанот ќе нема корпоративни спонзори, ниту брендирање на локацијата, настанот ќе се потпира само на приходот од продажбата на билетите и пијалоците.

Музиката е централна тема на ✚✚✚. Внимателно избрани 33 уметници од Србија, регионот, како и од остатокот од светот, ќе ги претстават своите настапи во живо со фокус на експериментална, амбиент и техно музика во најширока смисла. Едни од најистакнатите странски гости се Andreas Tilliander со проектот TM404, италијанската андерграунд ѕвезда Mai Mai Mai, Peter Kirn, кој раководи со блогот Create Digital Music, DJ Владимир Ивковиќ и пионерот на крцкавиот техно звук од Љубљана – Octex.
Музичката програма ја заокружуваат и голем број актуелни изведувачи од Србија, Бугарија, Турција и Македонија: Ti [RS], Mangulica FM [RS], Lenhart Tapes [RS], 33.10.3402 [RS], Vizar [BG], Kristijan Molnar [RS], Andre Pahl [DE], Jan Nemeček [RS], Superskin [AT], Ontal [RS], Pavle Popov [RS], Moutec [BG], kӣr [RS], Cinnamint [BG], St0rmz [RS], Timewalker [BG], Lost Fret [RS], Andreas Hz [MK], Umbra [RS], Milan [BG], Sloxxx [RS], Alibey [TR], Springboard [RS], A//O [RS], Vitanov [RS], Moodswinger [RS], Svetlana Maraš [RS] и Luka Kozlovački [RS].

+++poster3.2

Покрај музиката, храната и односот кон природната, важни се и аспектите на настанот коj најавува здрава понуда кога станува збор за храна и пијалоци, базирани врз основа на локалните состојки, како и балканската и „глобална” кујна. Dario Corteze, познатиот заговарач на “дива храна” од Словенија ќе одржи работилница посветена на шумската храна, а тука е и програмата наменета за деца која ќе ја води KidsPatch, како и јога работилницита. Настанот се најавува како “family & pet friendly”, а влезот за деца до 12 години е бесплатен.

Музичко-технолошкиот блог Create Digital Music, исто така ќе има мини-програма во еден од шаторите, со работилници и неформални џем-сешнови на музичарите, гостите и публиката која ќе одлучи да донесе некои од своите акустични и електронски инструменти.
Составен дел на настанот е и самиот процес на неговото создавање, преку соработката со локалната заедница, иницијаторите и другите уметници и активисти, кои се приклучија волонтерски настанот да се реализира со минимални финансиски средства. Бината и придружните сервисни објекти ќе бидат изградени во текот на неделата пред настанот, во соработка со граѓаните и уметници во специфичниот “DIT” процес, со цел да се создаде инспиративна средина, со љубов и грижа за животната средина.
За успешна ✚✚✚ реализација, поставена е и Kickstarter кампања со цел да се обезбеди поддршка за поставување на потребната инфраструктура поврзана со сцената и кампот, која веќе е избрана од страна на Kickstarter како еден од најистакнатите проекти на најпознатита светска crowdfunding мрежа.

Официјалниот сајт на ✚✚✚ ќе биде активен од 15-ти јуни, а билетите ќе бидат истиот ден достапни во онлајн продажба преку Eventim, како и на сите локации во регионот. Цената на билетот 3.000 динари, додека првите 20 билети ќе бидат достапни со промотивна цена од 2500 динари. Капацитетот е ограничен на 300 посетители.
Завршната промо журка, која му претходи на главниот настан, ќе се одржи оваа сабота во клубот Drugstore, со учество на три странски изведувачи од Франција, Велика Британија и Германија – Makaton, Theorist OFC и берлинскиот „настап-изненадување“, со локална поддршка на Lag и Filip Xavi.