Васко Атанасоски со соло издание

Гитаристот на Bernays Propaganda, Васко Атанасоски го најавува своето прво, за публиката долгоочекувано соло издание. EP-то „Река“ ќе биде реализирано овој месец за неговата нова дискографска куќа Балкан Велики, а е најавено со насловната песна „Река“, со видео во продукција на Digital.Millennium.Artists.
Промотивниот концерт за изданието е веќе закажан за 18-ти декември во скопското Браво.