„Метропол“ деби албум на Galatheia

GM

 

Теа Шалдева, во скопските кругови попозната како Galatheia конечно со прво соло албумско издание. Пет години по нејзиното дискографско деби во 2012 со All we ever wanted was everything, Galatheia конечно со албумски првенец наречен „Метропол“. Колекцијата содржи седум композиции, шесте дело на авторскиот тим на Galatheia, плус обработката на песната „Истите луѓе“ на Падот на Византија, оригинално издадена на албумот-посвета на Падот на Византија „Од другата страна“.

Galatheia ќе го промовира својот албум во живо утре (24 март) на полноќ во клубот Епицентар во Скопје.

Албумот ќе можете да го набавите на ЦД во скопските музички продавници, како и слободно да го преземете на веб страницата на PMG Recordings.

 

G@E