Концерт на Agnostic Front во Скопје

Пионерите на crossover thrash-от, њујоршките хардкор панк легенди Agnostic Front за првпат ќе настапат во Македонија во Младинскиот културен центар во Скопје на 28 јуни со почеток во 19 часот.

AFSK

Организаторот на концертот Diehard booking ги најави и влезниците, кои во строго ограничен број ќе се најдат во претпродажба преку продажната мрежа на MkTickets и на билетарата во МКЦ, а цените се: до 30-ти април 600 денари, 1-ви мај до 27-ми јуни 800 денари, на ден на концерт 1000 денари.