Desert Y, деби албум на Палиндром

Издавачката куќа Deny Records денеска го најави дебитанскиот студиски албум на скопскиот пост-рок состав Палиндром, едноставно наречен Desert Y.

P1
Три години по нивното EP деби Coalesce, Ерик Омерагиќ (бас), Филип Поповски (бас) и Kристијан Новковски (тапани, перкусии) со гостите на албумот – Дени Омерагиќ (синтесајзер, перкусии) и Нинослав Спировски (кларинет), во скопското студио BPM Sound го реализираа албумското издание, снимано, миксано и мастерирано од Младен Павлески. Продуцент на албумот е Дени Омерагиќ, обвивката на албумот е на Марко Крстевски (Omowsky).

Изданието на Палиндром слободно можете да го преземете на официјалната страница на Deny Records.