Концертна промоција на новиот албум на PMG Kolektiv - Песни љубовни

Со синглот „#90ТИ“ PMG Kolektiv го најави своето последно, седмо по ред албумско издание „Песни љубовни“.

PMG2

Две години по нивниот последен албум од 2015 – #EXYOU, PMG Kolektiv се враќаат со нова колекција песни насловена како „Песни љубовни“. Концертната промоција на албумот Песни љубовни ќе се случи на 13 мај во културниот центар Кино Култура во 21 часот.
PMG Kolektiv го најавија албумот со синглот #90ТИ. Слободно преземање од официјалната страница на PMG Recordings.