Започнува Скопје филм фестивал

Јубилејното 20-то издание на Скопје филм фестивал со богата програма од над 75 филмови, ќе се одржи од 20-28 април во салите на кино „Милениум“, кино „Фросина“ и Кинотека на Македонија.

SFF2017
На 20 април со почеток во 20 часот во кино „Милениум“ фестивалот ќе го отвори филмот Реквием за госпоѓа Ј. на режисерот Бојан Вулетиќ, кој беше дел од програмата на 67. издание на Берлинскиот филмски фестивал. Се работи за приказна во стилот на Кафка полна со црн хумор, во српско/македонско/руско/бугарско/француска копродукција. На македонската приемиера на филмот во Кино „Милениум“ ќе гостуваат режисерот Бојан Вултиќ и актерката Мирјана Карановиќ.

Овогодишната програма ќе биде поделена на неколку сегменти, и тоа:
Програма на авторски филм
Гала проекции
Панорама на светски филм
Фокус на француски филм
Филмови од македонска продукција
Програма на краток филм
Ретроспектива на Стенли Кјубрик
Детска програма „Креираме заедно“

SFF2017.2

На 27.04 во Кинотека на Македонија пак, ќе се одржи работилница за анимиран филм со Берин Тузлиќ.

Подетални информации околу програмата и распоред на проекциите можете да најдете на официјалната страница на фестивалот.