SIZ и The Membranes со заедничко издание

Издавачката куќа Балкан Велики со ново издание, овојпат на прекрасниот спој на англиска култност олицетворена во The Membranes предводени од John Robb, еден од највлијателните англиски рок новинари и човекот кој го измисли терминот бритпоп), засилени од ремиксот на Mark Lanegan и македонска свежина и оригиналност на SIZ кои со ова издание својот звук го однесоа на повисоко ниво. После заедничката турнеја во 2016 ова издание беше само прашање на време.