Фестивалот „Сонична младост“ за 20-те години на PMG Recordings

6 октомври 2018 МКЦ Скопје

Независната издавачката куќа на Прогресивната мултимедијална група PMG Recordings оваа година го прославува своето 20-годишно постоење со осмото по ред издание на PMG Recordings фестивалот, наречен „Сонична младост“, кој ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје на 6 октомври со почеток од 20 часот.

pmg8

 

Овогодинешното издание на фестивалот „Сонична младост“ предвидува три подиуми за танц, од кои два со електронска музика и еден со бендови во живо. Од музичките имиња оваа година настапуваат – познатиот британски диџеј Terry Francis, Диџеј Лале, Мирко Попов, Нино Наумов, Душко Јаневски, Galatheia, Виолета Качакова, Роботек, Boxitron, ПМГ Колектив, Sethstat, Duper, Свемирко и Local Blue. „Сонична младост“ ќе се случи во рамките на Бела ноќ и влезот ќе биде бесплатен.