Промоција на „Бела птица, црн бран“ новиот албум на Пиколомини

6 септември 2018 Ла Кања

Пред нас е третиот албум на како што дел од музичката јавност ќе каже „понекогаш популарниот“ соло артист/one man band Пиколомини. Наследникот на ,,Меѓу митови и бомби” од 2014 година се вика ,,Бела птица, црн бран”’ и излегува овој четврток.

п-бпцб
Се работи за 10 нови ствари направени во post punk/indie/new wave манир, но со многу стилски варијации кои го прават овој албум вистински предизвик за секој пар љубопитни уши. Силен приговор на реалноста, но и акт на музичка љубов и можно прибежиште за неприлагодените на овој засега тешко разбирлив век, барем за оние родени и делумно пораснати во минатиот:). Како гости на овој материјал се појавуваат Кристина Горовска (Бернајс пропаганда), Надежда Рубен (Поган паган) и Соња Димитриоска (КЛО). Затоа, драги наши, ова се повеќе од доволно причини, во четврток на 6 септември во 20 часот да дојдете во Ла Кања и заеднички да го преслушаме и да наздравиме за ова издание. Албумот ќе излезе на CD во ограничен тираж по цена од 200 денари и ќе може да се набави за време на промоцијата. Се гледаме.

 

 

Последното издание на Пиколомини „Дева EP“ достапно на Шарла